Костов: Рикардо Замора, предводник на славната гарда легендарни голмани

Денес пишувам за најдобрите светски голмани. Не се малку, ги има повеќе. Сепак најпознати и најдобри од многуте добри се Рикардо Замора, Лав Јашин, Франтичек Планичка, Сеп Мајер, Дино Ѕоф, Мануел Ноер, Џанлуиџи Буфон... Познавачите на фудбалот и фудбалските експерти велат дека голманот е најважната карика/алка во една фудбалска екипа. Едни велат дека голманот е трет бек, други дека се диригенти на одбраната, а трети одат уште подалеку и велат дека еден добар голман е половина екипа. Сите се во право. Голманот е алка без која нема сигурна игра, а победата е недостижна ако голманот киксне. Започнувам со Рикардо Замора, легендарен шпански голман. Легенда уште за време на живот. Голман со изразит атлетизам, со брзи рефлекси, и невидена храброст во дуел играта со напаѓачите од противничките екипи. На натпреварот со Англија, 1929г. продолжил да игра и покрај тоа што добил кршеница на градната коска, а Шпанија победила со 4:3. Постарите љубители на фудбалската игра ја паметат и прераскажуваат неговата спектакуларна одбрана во последната минута од финалето на кралскиот куп помеѓу Реал и Барцелона. Биран е за најдобар голман во Шпанија, а според анкети на World Soccer прогласуван е за голман број еден во Европа и светот. На олимписките игри во…


