Костов: Ода на радоста и сага за фудбалскиот гениј Шекуларац (втор дел)

Рефлектори, бескрајни аплаузи, скандирање(“Шеки! Шеки! Шеки!“) и невидена светска слава. Да, Шеки беше, и сеуште е, идол на милиони ширум Југославија, Европа, Јужна Америка, светот. Едноставно, фудбалот се сакаше поради Шеки, бидејќи тој најдобро ја потврдуваше мислата на французинот Жил Риме(своевремено прв човек на ФИФА) дека фудбалот е кралство во кое сонцето никогаш не заоѓа. Меѓутоа теретот на популарноста, понекогаш претежок, за неговата младост, за неговата желба да го живее животот, да се забавува, да е во фокусот, да се зборува за него, за неговата игра, за неговите враголии, за испадите, за кавгите со судиите и несогласувањата со тренерите и управите на клубовите за кои настапуваше. Неговото име беше синоним за фудбал, дриблинзи, голови и победи, и бидејќи млад, доста млад, мислеше дека се му е дозволено и дека се може. Шеки не беше само фудбалер, тој беше и есенција на боемскиот живот во Југославија. Жените ги сакаше и обожаваше. Одеше во казина и се коцкаше, ноќниот живот му беше негов личен trade mark. Сепак, да се знае нему фудбалскиот терен му донесе слава, овации и бесмртност. Тој едноставно се забавуваше и уживаше во сето тоа. И пак колку да се знае не пиеше, не се опиваше и не пушеше…
Povezane vijesti

Pauza na poluvremenu finala Mundijala trajaće 25 minuta

„Кармадона“ на Александар Радивојевиќ вечерва го затвора 5. Фестивал на балкански и медитерански филм „Преку езерото“
