klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Костов: Најбрз, најдобар, најскап, тоа е КР7 најголемиот фудбалски бренд – Кристијано Роналдо – фудбалер на кого совршеноста му е опсесија

Костов: Најбрз, најдобар, најскап, тоа е КР7 најголемиот фудбалски бренд – Кристијано Роналдо – фудбалер на кого совршеноста му е опсесија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·24. 07. 2026. 09:49:35

Животната приказна на обожаваниот и оспоруван фудбалер Кристијано Роналдо ги има сите лементи на класична бајка за успех на јунакот кој со раѓањето и потеклото немал ама баш никакви шанси. Другата страна на таа приказна е типична слика за откажувањата, напорните тренинзи, постигнувањата, и за борбата за вистина за сопствениот лик и дело. Медиумите, поточно некои неискрени новинари, сакаат да му ја украдат приказната, да ја допишат, преобликуваат, на свој начин, ама јавноста сепак ја гледа реалноста, која во крајна линија е блескава. Португалското чудо од момче, Кристијано Роналдо од далечната 2002г. е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, кој еднакво е успешен, како на фудбалските терени, така и во освојувањето на женските срца. За време на својата долга фудбалска кариера се покажа како незапирлив фудбалер, ама и неодолив плејбој. Од најрана возраст Роналдо покажуваше карактеристични црти за големите играчи,:неуморно трчаше и се залагаше, сакаше се да реши сам, не поднесуваше порази, ама и постојано напредуваше. Со тек на времето израсна во најголем и најскап фудбалски бренд. Првин, во 2003г. беше најскап тинејџер кој потпишал за “Црвените ѓаволи“(Манчестер Јунајтед), со договор во виснина од 15 милиони евра. Потоа стана фудбалер на Реал Мадрид со највисок трансфер(132 милиони долари), за…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti