Костов: Фудбал на иднината или иднината на фудбалот?!? Ќе се врати ли тимскиот дух на фудбалот?

Ти благодарам стара моја“(Грацијас виеја) Алфредо ди Стефано Овој есеј за фудбалот е инспириран од еден авторски текст на Зоран С. Ивановиќ, од изреката на Алфредо ди Стефано “Ти благодарам стара моја“ напишана на Споменикот на топката во дворот од неговиот дом и од генијалните игри на ова светско првенство од страна на Лионел Меси и дружината “гаучоси“, тимскиот дух на шпанската репрезентација, фудбалот што го покажаа репрезентативците на Англија и Франција. Сето тоа е презентација на прекрасен и извонреден фудбал, а од последните два натпревара очекувам тоа да биде подигнато на ниво на атомски генијален фудбал. Дилемата што ме мачи или поточни прашањето што сакам да го поставам е, дали нескротливата кожена сфера(топката), фудбалерите генијалци и нивната Чиста Игра, ќе триумфираат, еднаш за секогаш, или постои опасност бизнисот со топката, фудбалскиот бизнис, да ја приватизира фудбалската игра и на крај да ја покори. Не, тоа не смее да се случи, ниту пак треба да се случи. Добро, знам дека фудбалот повеќе не е споредна работа, напротив, стана главна работа – глобална монета и централна платформа на модерниот капитализам. А капитализмот е суров и бара и признава само профит. Ама профит за кого, и од кого, и колку профит за…


