Костов: Франц Бекенбауер – Фудбалски Кајзер во фрак и со цилиндер

Франц Бекенбауер, тоа беше фудбал во фрак и со цилиндер. Фудбалска елеганција во движење. Тој долги гофини диригираше со фудбалскиот клуб Баерн и “Елф“-от(репрезентацијата на Германија) и на теренот играта со топка ја претвораше во фудбалска симфонија – убавина за окото и милина за душата. Ама и апсолутен владетел на фудбалскиот терен. Бекенбауер беше еден од најголемите фудбалери во светот. Великан кој направи револуција во фудбалот. Тој е легендарниот либеро на Баерн и репрезентацијата на Германија. Играч зад одбраната и сигурен коректор, Со подигната глава, фокусиран поглед и исфрлени гради, беше сигурен и прецизен во исфрлувањето на топката напред во поле. И секако првиот организатор на нападот од својата половина на теренот. Фудбалер кој даваше темпо на фудбалската игра, диригираше зад стоперите, и ја изнесуваше топката во половината на противникот. Позиционата игра ја доведе до совршенство. Неговото дејствување од и во длабочина беше уметност во фудбалот. Фудбалската поза му беше кралска и оттаму и прекорот “Кајзер“. Кајзерски играше во Баерн, во Космос, во Хамбургер, во репрезентацијата. Со Баерн трикратен европски првак(1974, 1975, 1976г.), со репрезентацијата светски првак и како играч и како селектор, претседател на Баерн, претседател на фудбалската федерација во Германија, претседател на комитетот за организација на светското првенство…

