klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Костов: Џорџ Бест – фудбалски Битлс, кој создаваше уметност на дриблање

Костов: Џорџ Бест – фудбалски Битлс, кој создаваше уметност на дриблање
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·07. 07. 2026. 07:33:06

“Момчето од Белфаст“ – фудбалски рокстар до последен здив Вo далечната 1966-та прв пат чув за Манчестер Јунајтед, кога играше со белградски Партизан, а две години подоцна, во легендарната 1968г. прв пат го чув името на Џорџ Бест, играч на Манчестер Јунајтед. Преку телевизорот запознав уште еден генијален фудбалер. Тоа беше пркосниот и брз играч од Северна Ирска, Џорџ Бест. Напаѓач и голгетер на Јунајтед и репрезентацијата на Северна Ирска(37 настапи и 9 гола – “најдобриот играч што некогаш го облекол зелениот дрес на Северна Ирска“), кој за десетина години за нив, “црвените ѓаволи“ одигра 466 натпревари и постигна 178 голови. Го запамтив по брзината, продорот по аут и корнер линијата и по неверојатните дриблинзи. Кога сме кај дриблинзите морам да ви кажам дека за мене најдобри дриблери на сите времиња се Гаринча, Шекуларац, Бест, Роналдињо и Меси(за Шеки, Гаринча и Роналдињо ќе пишувам во следните продолжетоци). Дефинитивно еден од најголемите таленти на светскиот фудбал. И еден од многуте добри фудбалери, ама не докрај докажан. Луцидно десно крило, ама и играч за врска, а богами и голгетер од класа. Имаше и карактеристична скок игра и убиствен удар со глава. Беше член на генерацијата “Бебињата на Безби“ која на Манчестер Јунајтед…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti