klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Костов: 23-то Светско првенство во фудбал – великаните на светскиот фудбал (13 ДЕЛ)

Костов: 23-то Светско првенство во фудбал – великаните на светскиот фудбал (13 ДЕЛ)
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·05. 07. 2026. 08:56:44

Големината на меси е во тоа што воопшто не наликува, ниту на Марадона ниту на Пеле. Има свој автентичен и препознатлив стил. Тој е симбиоза на фудбалска визија и знаење, но и фудбалер кој поседува умешност, сето тоа преку невиден дриблинг, прецизно додавање и силен удар, да го претвори во ефектно постигнат гол. Сите фудбалски великани што ви ги претставив досега повеќе не се активни фудбалери. Ја завршија нивната фудбалска кариера, помина извесно време(некои се и починати) и ги оценував според покажаното на теренот и освоените фудбалски трофеи. Денес пишувам за Лео Меси, кој сеуште е активен фудбалер. Лео е фудбалер кој за живот стана фудбалска легенда, и не можам, а да не напишам некој збор и за него. Всушност есејот е напишан пред Светското првенство во фудбал во 2022г кое се оддржа во Катар(направени се само мали корекции). Ова ќе биде прв дел, а нешто подоцна ќе го објавам и продолжението, кое го пишувам деновиве.. Лионел Меси е фудбалер со фасцинантна фудбалска кариера. Најталентиран фудбалер што некогаш истрчал на фудбалскиот терен. Болникаво момче со хормонални проблеми ќе реализира блескава фудбалска кариера и ќе стане голема фудбалска ѕвезда. Пеле и Марадона се најголемите фудбалери што ја удирале фудбалската топка, ама…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti