Костов: 23-то Светско првенство во фудбал: Великани на светскиот фудбал (10.ДЕЛ)

Ференц Пушкаш Кога имав 9 година за прв пат на телевизија гледав натпревари од Светско првенство во фудбал – Велика Британија, 1966г. За прв пат го видов Пеле, воодушевен бев од Еузебио и играта на репрезентацијата на Португалија, а финалниот натпревар помеѓу Велика Британија и Германија, никогаш нема да го заборавам. Татко ми Гога, ме виде дека сакам фудбал и ми рече: Сине најубавиот фудбал се играше од 1954г. до 1962г. Го играа Маџарите(репрезентацијата, Хонвед и Ференцварош), со нивните ѕвезди – Кочиз, Хидекути, Пушкаш, Цибор, Божик. Веднош до нив беа виртуозите од Бразил – Гаринча, Диди, Вава, Пеле, Загало, Џалма и Нилтон Сантос, Амарилдо. Тоа беа бразилските жонглери од репрезентацијата и славните тимови како Сантос, Флуминенза, Борафого, Васко де Гама. Од сите тие имиња, ги запамтив само Пеле, Гаринча и Пушкаш. Кога пораснав, почнав да гледам видеа од натпреварите на овој фудбалер, се повеќе и повеќе се воодушевував, и барав книги и статии во новини за него, бидејќи се повеќе бев сигурен дека и тој е еден од ретките фудбалски феномени од минатото. Насобрав бааѓимити материјал, па се одважив нешто да напишам за него. Претходно ги изгледав, по незнам кој пат кратките видеа од неговите натпревари и дадените голови. Верувајте…


