КОСТОВ: 23 Светско првенство во фудбал – великани на светскиот фудбал (12 ДЕЛ)

Вундер тимот на Австрија / Матијас Зинделар – Моцарт на европскиот фудбал / Во 30-тите години од минатиот век Австрија имаше Вундер фудбалски тим(репрезентација) која две години беше непобедена. “Татко“ на тој тим беше Хуго Мајсл. Тој создаде најдоминантна национална селекција која практично беше непобедлива. Главна ѕвезда на тој тим беше Матијас Зинделер. Најголем успех на оваа репрезентација е четвртото место на Светското првенство 1934г. и сребрен медал на летните олимписки игри 1936г. За Зинделер се зборува дека бил “душа“ на тој вундертим, и ѕвезда и идол на љубителите на фудбалот, се додека во Европа не пристигнал Ди Стефано. Инаку, во историјата на светскиот фудбал голем број на “чудесни екипи“, како Ференцварош, Ривер Плата, Јувентус, Реал Мадрид, Хонвед, репрезентациите на Бразил, Уругвај, Италија, Холандија, Маџарска, биле навистина извонредни и чудесни, ама сепак репрезентацијата на Австријаси го задржа копирајтот “вундертим“. Овој чудесн тим на Австрија, верувале или не, бил создаден во кафана. Не ни чудо: во тоа време, помеѓу двете светски војни, Виена била преполна со кафани и ресторани во кои се собирале одредени категории на луѓе и кои правеле “планови“ за јавниот, општествениот, политичкиот и спортскиот живот во градот. На само десетина метри од ординацијата/канцеларијата на психоаналитичарот д-р Зигмунт Фројд…


