klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Костадиновски: Платите на обвинителите да бидат соодветни на нивните обврски и должности, но мора и да испорачаат

Костадиновски: Платите на обвинителите да бидат соодветни на нивните обврски и должности, но мора и да испорачаат
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·14. 07. 2026. 14:12:36

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска истакна дека и тој е дел од тоа мнозинство што поддржува дека и платите на обвинителите треба да бидат соодветни на нивниот статус и на нивните обврски и должности. -Ако ја гледаме суштината на работата и суштината на проблемот, како држава, што го имаме, за мене барем, како судија, нема дилема. И јас сум дел од тоа мнозинство што поддржува дека „да“ и платите на обвинителите треба да бидат соодветни на нивниот статус и на нивните обврски и должности. И не само ова. Веројатно знаете, повеќе пати и јавно имам кажано, јас сум еден од оние што се залага на правосудниот систем, да му се дадат неопходните услови за работа. Видов дека оваа Влада веќе им доделила не знам колку вработување. Што значи, еден од сегментите го поправа. Со наша одлука, решен е еден од, условно кажано, проблемите - рече тој, потенцирајќи дека предметот ќе биде разгледан штом биде доставен предметот и се комплетира Уставниот суд. Костадиновски потенцира дека и судската и обвинителската власт мораат да преземаат радикални чекори за враќање на довербата на граѓаните во системот. -Ако го гледаме суштински, за мене нема дилема. Треба да бидат изедначени. Затоа што не можеме…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti