Косотов: 23 Светско првенство во фудбал: Великани на светскиот фудбал (11.ДЕЛ)

Андраде, Сантамарија, Насези, Скароне и Скијафино првите фудбалски бисери на Уругвај Денес еден мал микс од извонредни фудбалски великани од минатото. Почнуваме со феноменалните Уроси(Уругвајци). Уругвај, таа мала држава, имаше големи фудбалски асови. Веднаш да потсетам дека тие се двојни олимписки победници (1924 и 1928), а и двапати беа светски прваци, во 1930г. на првото светско првенство, кога ја победија Аргентина, и во 1950г. во Бразил кога ја замолкнаа велелепната Маракана и го победија домаќинот Бразил. Да не заборавиме дека до Втората светска војна осум пати беа победници на јужноамериканските првенства, од 1916г. до 1942г, а вкупно јужноамерикански победници биле 15 пати, па така само Аргентина е пред нив . Тие во 1924 г. на олимпијада настапија цезаровски: дојодвме, видовме и победивме. Го освоија олимпиското злато, со голови, игра на највисоко ниво, со стил и артизам. Во тимот го имаа чудото на фудбалската виртуозност. Уметник на фудбалската игра. Да, токму тоа беше Хозе Леандро Андраде. Тоа што денес се Бразилците и Аргентинците, во триесетите и четириесетите години од минатиот век беа Уругвајците. Виртуози. Жонглери. На двете споменати олимпијати и двете светски првенства Урусите беа единаесет играчи, една мисла, еден дух. Тим во вистинска смисла на зборот. А Андраде, ја довел(така…
