Кошаркарската Суперлига добива нов член

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека по завршувањето на постапката за лиценцирање, како и по истекот на рокот за поднесување жалби во делот на исполнување на обврските поврзани со финансиската дисциплина, е констатирано дека еден клуб не ги исполнил условите предвидени со важечките акти на Федерацијата за настап во највисокиот степен на натпреварување во сезоната 2026/2027. Во согласност со одредбите од Правилникот за лиценцирање и останатите важечки прописи на Кошаркарската федерација на Македонија, Федерацијата ќе отвори рок за пријавување на заинтересирани клубови во периодот од 10 до 20 август 2026 година. Во наведениот рок, право на поднесување пријава има секој клуб кој смета дека ги исполнува сите услови предвидени со правилниците на Федерацијата за учество во највисокиот ранг на натпреварување, вклучително и организациските, инфраструктурните, финансиските и сите останати критериуми утврдени со прописите. Воедно, од КФМ ја информираат спортската јавност дека, согласно важечките правилници на Кошаркарската федерација на Македонија, фактот што еден клуб не ги исполнил условите за лиценцирање не создава автоматско право за промоција на следнопласираните клубови од Првата лига. Тоа е така бидејќи првопласираниот клуб од Првата лига, кој според спортскиот резултат стекнал право на настап во Супер лигата, не се откажува од тоа право и ќе…


