Кос: Македонија постигна силен напредок во рамките на Реформската агендата и сега е меѓу водечките земји во Западен Балкан

Македонија постигна силен напредок во рамките на Реформската агендата и сега е меѓу водечките земји во Западен Балкан. Ова заслужува признание. Логиката на нашата финансиска поддршка е едноставна: колку повеќе една земја ги исполнува реформите, толку повеќе поддршка добива. Комисијата сега ги оценува перформансите на сите партнери од Западен Балкан, реформа по реформа, вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и соседска политика Марта Кос. Таа денеска во Скопје ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски, за како што вели, да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите за реформи, со фокус на спроведувањето на агендата за реформи во рамките на Планот за раст за Западен Балкан. Во пресрет на Вашата посета на Скопје, претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен, соопшти убави вести за Македонија дека е меѓу трите земји (со Црна Гора и Албанија) предводници во спроведувањето на Реформската агенда и дека ЕУ ќе ги пренасочи средствата за реформи на Западен Балкан кон предводниците, бидејќи останатите три земји кандидати од регионот заостануваат во нивното спроведување. Имте ли пресметки колку средства ќе бидат прераспредели и по кој принцип? - Македонија постигна силен напредок во рамките на Реформската агендата и сега е меѓу водечките земји…


