Корисниците пријавуваат проблеми со „Фејсбук“, профилите се привремено недостапни

Голем број корисници денеска пријавија проблеми при пристапот до социјалната мрежа „Фејсбук“, при што дел од нив не можеат да се најават на своите профили поради привремениот технички дефект. При обидот за најава, корисниците добиваат порака: „Профилот е привремено недостапен. Вашата сметка моментално не е достапна поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Обидете се повторно за неколку минути.“ Според платформата „Даундетектор“ (Downdetector), која ги следи прекините во работата на интернет-услугите забележан е нагол пораст на пријавите од корисниците, а на официјалната страница за статус е потврдено дека има дефект во функционирањето на „Фејсбук“. Најголем дел од пријавите, околу 32 проценти, се однесуваат на проблеми со самата веб-страница, 26 проценти се поврзани со најавувањето на профилите, а 22 проценти се однесуваат на проблеми со почетната страница и прегледот на содржините. Корисниците за овие проблеми масовно известуваат и преку социјалната мрежа „Икс“, каде што објавуваат скриншотови од пораката за грешка со ознаката „#FacebookDown“
Povezane vijesti

Lekcija u devedeset minuta, triler u produžecima ili penal lutrija: Španija ili Argentina — ko će biti na korvu sveta u naredne četiri godine?
