klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Координативен состанок на скопските градоначалници за последиците од невремето

Координативен состанок на скопските градоначалници за последиците од невремето
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 07. 2026. 15:35:56

Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје, ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски по Координативниот состанок со скопските градоначалници за последиците од невремето. Тој заедно со градоначалниците од скопските општини гоговориле општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби да извршат засилени и строги контроли. Ќе се проверуваат сите позиции и објекти каде што имало оштетени кровни конструкции за да се утврдат причините за истото, земајќи предвид дека, како што вели, нивното одржување треба да го имаат куќните совети. -Сите расположливи капацитети се ставени во функција и заеднички ќе се справиме со последиците од оваа сериозна природна непогода. Градот Скопје има и свој солидарен фонд во кој што имаме обезбедено средства за обештетување на граѓаните при вакви состојби, пишува Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил. Тој се заблагодарува на брзата и навремена реакција на екипите на јавните претпријатија, Противпожарната бригада на Град Скопје кои, како што потенцира, веднаш по невремето ги оспособиле сите главни…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti