klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Конституиран Советот на стопанственици во Општина Кисела Вода: На првата седница презентирани новите Владини мерки за поддршка на бизнисот и вработување на млади

Конституиран Советот на стопанственици во Општина Кисела Вода: На првата седница презентирани новите Владини мерки за поддршка на бизнисот и вработување на млади
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·22. 07. 2026. 10:40:27

Денес, во просториите на Општина Кисела Вода се одржа конститутивната седница на новоформираниот Совет на стопанственици на Кисела Вода, на која присуствуваше и заменикот-министер за економија, Марјан Ристески и заменик директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова. Пред претставниците на локалната деловна заедница беа презентирани најновите мерки од Оперативниот план за вработување, креирани од Владата, со особен фокус на поддршката за младите и отворањето нови работни места. Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска истакна дека овој Совет претставува значаен мост помеѓу локалната самоуправа, централната власт и деловниот сектор. -Вие сте гласот на бизнис секторот, но и најбрзиот канал преку кој корисните информации ќе стигнат до секој еден стопанственик во Кисела Вода. Изразувам голема благодарност до Владата за континуираните напори и креирањето реални мерки за поддршка на стопанството, како и до заменик-министерот Ристески и до заменик директорката на Агенцијата за вработување Пешова за денешното присуство и исцрпната презентација-порача градоначалничката во своето обраќање. Во конструктивна дебата, пред присутните стопанственици, од страна на заменик министерот за економија Марјан Ристески и од заменик директор на Агенцијата за вработување Весна Пешова, беше детално презентирана подмерката „Вработување и раст на правни субјекти“, која располага со вкупен буџет од околу 5,4 милиони евра. Најголем акцент…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti