klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Конески за владеењето на СДСМ: Имавме власт која застапуваше сечиј интерес, освен македонскиот – обврска на секој граѓанин беше да се бори против тоа зло

Конески за владеењето на СДСМ: Имавме власт која застапуваше сечиј интерес, освен македонскиот – обврска на секој граѓанин беше да се бори против тоа зло
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·08. 07. 2026. 08:26:14

Такво обезличување да се случи, дефинитивно резултира во големо обесхрабрување. Од 2021 до 2023 година студирав во Италија, но сите тие процеси што се случуваа во Република Македонија ме мотивираа да се вратам, изјави во своето гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија со новинарот Љупчо Цветановски, преседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Тодор Конески, одговарајќи на новинарско прашање во однос на иселувањето на на младите и процесите кои што се случуваа од 2017 до 2024 година во Република Македонија. -Како Македонец, кога гледав тоа што се случува на од прилика 900 километри од Македонија, не можев мирен да седам, морав да се вратам, морав активно да го земам својот дел во борбата против тоа, бидејќи тоа што се случуваше беше ефективно антимакедонски, истакна Конески. Тогашната власт застапуваше сечиј интерес, освен македонскиот и обврска на секој Македонец беше да се бори против тоа зло, рече Конески. -Имавме структура на власт која што го застапуваше сечиј интерес освен македонскиот и сметам дека на секој одговорен граѓанин на оваа држава требаше да му биде обврска да се бори против тоа зло, посочи претседателот на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti