Конески: Владата посветува значително внимание на подобрувањето на условите на младите

Во емисијата „Утринско еспресо“ на Радио Лидер гостуваше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески кој на самиот почеток ја истакна новата програма за практикантство, која им овозможува на студентите да стекнат практично искуство во локалните самоуправи, со што се подобрува нивната подготвеност за пазарот на трудот, а истовремено општините добиваат млада енергија, нови идеи и поголем капацитет за прилагодување на современите предизвици. „Новата програма што ја промовиравме, месеци на практикантството тоа е соработка на државните универзитети со Министерството за локална самоуправа и со ИНОВА каде што во месеците август-септември студентите ќе имаат шанса да бидат практиканти во локалните самоуправи, да имаат директно искуство во раководењето на општината, тука има взаемен интерес и младите добиваат практично искуство и ја подобруваат позицијата на пазарот на трудот, а од друга страна локалните самоуправи добиваат млада енергија, нови идеи и еден зајакнат механизам за адаптација на новите времиња“, рече Конески. Конески истакна дека Владата посветува значително внимание на подобрувањето на студентскиот стандард и спроведувањето на мерки насочени кон унапредување на условите за студентите, и ги истакна програмите за самовработување со кои се поттикнува претприемачкиот дух кај младите и се создаваат подобри можности за нивен професионален развој. „Опозицијата беше многу критички настроена спрема извештаите…
Povezane vijesti
KVAZIEVROPEJCI Ključne zemlje EU podržavaju Srbiju, a Đilas, Ponoš i neke NVO predvode antievropsku koaliciju protiv napretka u evrointegracijama

Се бара конфискација на стан и шест автомобили поврзани со осомничениот дилер што избега низ прозор
