klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Концертот на познат пејач во Хрватска прекинат: Намерно прекината струја, реагирала и полицијата

Концертот на познат пејач во Хрватска прекинат: Намерно прекината струја, реагирала и полицијата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·15. 07. 2026. 09:01:00

Минатиот викенд во Свибовац Подравски, во рамките на прославата на Денот на Свети Бенедикт, беше организиран концерт на пејачот Мирослав Илиќ, но по само еден час имало прекин на електричната енергија и концертот бил прекинат. Мештаните биле убедени дека некој намерно ја исклучил струјата во целото село кога настапувал Мирослав Илиќ, а сега се огласи и полицијата. Се покажа дека сомневањата и дека не станува збор за обичен дефект биле точни. Полицијата потврди дека непознато лице го оштетило далноводот, што довело до сомневања кај мештаните дека некој намерно се обидел да го прекине настапот на српскиот пејач во областа Вараждин, пишува Net.hr. Полициската управа во Вараждин потврди дека сторителот оштетил метална кутија на столб од далновод и со кревање на рачката, го заземјил напонскиот електричен вод, што предизвикало прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од населбата. Полицијата сè уште трага по сторителот, а оштетувањето на јавната инфраструктура е казниво со затвор до пет години. „Непознат сторител оштетил метален ормар на столб од далновод и со кревање на рачката, го заземјил напонскиот електричен вод. Како резултат на тоа, во дел од населбата „Виница“ е прекинато снабдувањето со електрична енергија“, изјави Петра Босиљ, портпаролка на Полициската управа Вараждин.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti