Концерт „Македонија во нас“ на Скопско лето

Концертот насловен „Македонија во нас“, во склоп на Скопско лето ќе се одржи на 29.06.2026г. – понеделник, со почеток во 20:30 часот на отворената сцена на „Кеј 13 Ноември“, споменик на Гемиџиите. На концертот ќе учествуваат Народните ансамбли „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски бисери“ од Волонгонг. Овој настан е во соработка со Националната агенција за иселеништво на Македонија, а влезот е слободен. Народните ансамбли „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски бисери“ од Волонгонг, Австралија, ќе настапат со заеднички целовечерен концерт посветен на македонската традиција, фолклор и културно наследство. Двете друштва, кои со децении ја негуваат и афирмираат македонската песна, игра и култура на австралискиот континент, ќе изведат програма инспирирана од богатата фолклорна традиција на Македонија, меѓу кои „Пиринско пролетно цвеќе“, „Ѓурѓовден“, „Малешевска“ и „Седенка“. Концертот претставува средба на традицијата, иселеништвото и живото културно наследство, зачувано и пренесено низ генерации далеку од татковината. МКУД „Светлост“ е првото македонско друштво формирано во Австралија во 1960 година од македонските доселеници во Австралија, Ристо и Ана Василеви. На својот прв концерт во 1961 година, „Светлост“ привлече над 1,000 посетители. Од тогаш, редовно учествува на повеќе манифестации, како што е и мултикултурниот Мумба фестивал во Мелбурн. Исто така, има направено две турнеи низ Македонија во 1977…
Povezane vijesti

Milatović: Kultura čuva sjećanje na antifašističku borbu i slobodarsku tradiciju Crne Gore

Четири компании аплицирале на тендерот за набавка на електрични автобуси
