klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Командатот на ЕБР, Николов: Безбедносните предизвици се менуваат, но непроменета е подготвеноста на единицата да одговори на секоја задача

Командатот на ЕБР, Николов: Безбедносните предизвици се менуваат, но непроменета е подготвеноста на единицата да одговори на секоја задача
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·22. 08. 2026. 18:26:04

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при МВР денеска на манифестација во Битола одбележува 25 години од своето формирање. На централната манифестација која се одржу пред Офицерскиот дом, свое обраќање имаше и командатот на Единицата, Стојанче Николов. -Одбележуваме 25 години од формирањето на нашата единица. 25 години во кои се менуваа генерации, се менуваа условите во кои работиме, опремата, тактиките, безбедносните предизвици, но едно остана непроменето. Подготвеноста на припадниците на ЕБР да одговорат на задачата секогаш кога тоа од нив ќе се побара, граѓаните, полицијата и државата, истакна Николов. Посочи дека денеска не одбележуваат само година повеќе од формирањето, туку одбележуваат четврт век заедништво, пожртвуваност, дисциплина, професионалност и служба. Низ годините постоење, припадниците на ЕБР се усовршувале, градејќи нови оперативни способности и тактики, а се унапредувала и опремата. -ЕБР прерасна во една од најподготвените и најангажинираните оперативни единици на македонската полиција. Денес нашите припадници се ангажираат во најразлични и најсложени полициски задачи. Од непосредна оперативна помош преку обезбедување на лица и објекти, справување со посложени нарушувања на јавниот ред и мир, до ситуации во кои е потребна брза мобилизација на поголем број обучени полициски службеници, нагласи Николов. Потенцираше дека за еден командат нема поголема чест од таа да предводи луѓе на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti