klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Колумбија отвори амбасада во Ерусалим

Колумбија отвори амбасада во Ерусалим
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·15. 10. 2026. 06:08:06

Колумбија вчера отвори амбасада во Ерусалим, што претставува значаен пресврт во односите со Израел откако конзервативниот претседател Абелардо де ла Есприела ги обнови дипломатските врски прекинати од неговиот претходник поради војната во Појасот Газа. Министерството за надворешни работи на Колумбија за одлуката рече дека е „дипломатска пресвртница“, додека за израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар тоа е „ден на славење за односите меѓу Израел и Колумбија, како и за Ерусалим, нашиот главен град“. Двете земји воспоставија дипломатски односи во 1957 година и одржуваа блиска воено-безбедносна соработка. Колумбија во својот арсенал користи пушки и борбени авиони од израелско производство. Во 2024 година, тогашниот претседател Густаво Петро ги прекина односите со Израел, обвинувајќи го за геноцид поради воените операции во Појасот Газа, кои ги спореди со нацистичките концентрациони логори. Израел ги отфрли обвинувањата и ја осуди одлуката на Колумбија. По прекинот на односите, Петро најави отворање амбасада во Рамала, на окупираниот Западен Брег, но дипломатската мисија никогаш не беше отворена. Обновувањето на односите со Израел стана приоритет на владата на Де ла Есприела, кој ја презеде функцијата со поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп. „Оваа амбасада е видлив израз на нашата решеност да го обновиме дијалогот, да ја зајакнеме меѓусебната доверба…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti