Колку треба да спиеме по 60-тата година за да не чувствуваме замор

Квалитетниот сон е еден од најважните фактори за доброто здравје, без оглед на возраста. Лошо преспиената ноќ веќе следниот ден не само што може да предизвика замор, намалена концентрација и полошо расположение, туку и посериозни последици со здравјето. Со стареењето се будиме порано од вообичаено. Тоа е природен процес поради внатрешниот биолошки часовник, но тоа не значи дека ни треба помалку сон, изјавија научниците. Според истражувањата, хроничниот недостаток на сон го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2, дебелина и слабеење на когнитивните функции. - Мозокот за време на спиењето се прочистува, обработува нови информации и ги зацврстува сеќавањата, советуваше Наталија Даутовиќ, професорка по психологија и експерт за истражување на сонот од универзитетот „Вирџинија Комонвелт“. Според неа, луѓето кои спијат доволно најчесто имаат подобра меморија, полесно учат и подолго ја одржуваат концентрацијата. - Самиот сон не може целосно да го спречи когнитивното паѓање, но е еден од најважните фактори за зачувување на здравјето на мозокот, вели Даутовиќ. Истражувањата покажуваат дека лицата кои имаат неквалитетен сон се изложени на поголем ризик од деменција, депресија, падови и губење на самостојноста во секојдневниот живот. Анализата опфаќа над 3.200 научни студии. Препораката на Националната фондација за сон, е лицата постари од 60 години…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

ТРАМП БАРА ПРЕКИН НА ОГНОТ, ИРАН ОДБИВА - „Ако нападите продолжат - Израел е следна цел!“
