Колку пресврти направија Меси и Аргентина на Мундијалот 2026?

Лионел Меси и Аргентина имаа исклучително драматичен пат до финалето на Светското првенство 2026. Аргентинската репрезентација на два натпревари од нокаут-фазата мораше да брка негатива и во двата случаи успеа да направи пресврт. Првиот пресврт – против Египет Првата голема драма се случи во осминафиналето против Египет. Аргентина во второто полувреме губеше со 0:2, но успеа целосно да го сврти натпреварот и да победи со 3:2. Тоа беше еден од највозбудливите натпревари на турнирот и првиот голем доказ за карактерот на актуелниот светски шампион. Вториот пресврт – против Англија Вториот пресврт се случи во полуфиналето против Англија. Англичаните поведоа со 1:0, но Аргентина се врати и во самата завршница стигна до победа од 2:1. Меси повторно имаше клучна улога, а Аргентина обезбеди место во големото финале против Шпанија. Аргентина брка две титули по ред Аргентина сега има можност да стане првата репрезентација по Бразил во 1962 година што освоила две последователни светски титули. Пред неа, сепак, е исклучително тешка задача. Шпанија има една од најдобрите одбрани на турнирот и млад, но многу талентиран состав предводен од Ламин Јамал. Финалето ќе донесе и директен судир на две генерации – Лионел Меси против Ламин Јамал, двајца фудбалери од кои најмногу се очекува…
Povezane vijesti

Poslije svjetskog, podgorički Mundijal: Rekordnih 70 ekipa na petom Trofeju Podgorice
