Коки Јанков во „Ништо лично“: „Иако последните два-три месеци од неговиот живот со Дуле не се гледавме, дента тргнавме со еден другар од Штип да го посетиме во болница, но лошата вест не затече по пат“ (ВИДЕО)

Во најновото издание на интер ток шоуто „Ништо лично“, поткаст гостин кај Антонио Димитриевски беше Никола Коки Јанков, член на некогаш мегапопуларното дуо Дуле и Коки кој зборуваше за својот животен и професионален пат. Ако животната приказна на Коки Јанков треба да се сведе на една линија, тогаш тоа е патот од момчето од Штип со виолина до музичарот што успеал да ја зачува својата професионална кариера и по една од најголемите лични загуби. Тој почнал со музика уште како дете, а со Дуле го претвориле другарството во едно од најпрепознатливите дуоа на македонската естрада. Заедно ги освојувале локалите, со песната „Виолина и гитара“ја освоиле првата награда на „Макфест“, создале песни што станале евергрини и оставиле трага во ноќниот живот на Скопје. Потоа дошла трагедијата што засекогаш го променила нивниот заеднички пат. Но Коки не дозволил таа да биде и крај на неговата музика. Продолжил со „Тајфата“, настапувал, предавал виолина, создавал нови песни и се враќал на сцените на кои со години го пречекувале како половина од дуото „Дуле и Коки“. Токму во тоа е суштината на неговата приказна. Тој не се откажал од минатото, но не останал ниту заробен во него. Го зачувал споменот на Дуле преку песните, а…


