Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Обожавателите на серијалот филмови за Џејмс Бонд наскоро ќе го дознаат наследникот на Даниел Крејг во улогата на култниот шпион. Продуцентите и режисерот Денис Вилнев почнаа да ги известуваат глумците кои се пласирале во следната рунда аудиции, којашто ќе се одржи подоцна ова лето. Иако имињата сè уште не се потврдени, аудициите се закажани за август, потврди „Дедлајн (Deadline)“. Изворите говорат дека Вилнев лично ги контактира кандидатите кои се избрани во потесниот круг. Потрагата по новиот „007“ трае веќе некое време, а студиото пристапува кон проектот полека и методично. Откако ја презеде целосната креативна контрола врз брендот „Бонд“ во 2025 година, продукциската куќа „Амазон МГМ (Amazon MGM)“ внимателно го избира тимот што ќе го води следниот филм. Ејми Паскал и Дејвид Хејман првично беа ангажирани како продуценти, а по состаноците со бројни режисери, режисерската палка му беше предадена на Вилнев. Минатото лето, сценаристот Стивен Најт, познат по серијата „Пики блајндерс“, му се придружи на тимот, додека директорката за кастинг Нина Голд во април оваа година потпиша договор. Главната пречка до неодамна беше недовршеното сценарио, бидејќи актерите не можат да бидат тестирани за приказна што сè уште не постои. Според првичните податоци, Најт во голема мера се потпира на најраните романи…
Povezane vijesti
Ko će biti novi Džejms Bond: Izdvajaju se tri imena, sljedeći krug audicija u avgustu
Najveći favorit za ulogu novoga James Bonda i Dua Lipin odabranik: Tko je Callum Turner, novi miljenik Hollywooda?
