klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Кој е убиецот, или: „инжинираната перцепција“ на реалноста

Кој е убиецот, или: „инжинираната перцепција“ на реалноста
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·27. 07. 2026. 07:56:35

Холанѓанецот Френк Вестерман во книгата „Инженери на душата“ (2010) пишува дека во 1932 година Максим Горки повикал група познати писатели во својот дом во Мосва, каде „ненадејно“ се појавил и Сталин. Во краткото „слово“ за писателите тој ги опишал како „инженери на душата“ (поим измислен од Јури Олеша) и им рекол дека нивната улога во Советскиот сојуз е поважна од тенковите, едновремено охрабрувајќи ги да пишуваат литература вредна за револуцијата. Во времето на некогашна Југославија по 1945та година, локалните „инженери на душата“ ја добија истата улога и кочоперно ја реализираа. Но оттогаш нештата радикално се сменија па таа „висока“ титула денес самовљубено ја носат други профили. Претежно тоа е академско-универзитетскиот кадар, често полуписмен (иако таа комбинација заличува на оксиморон, но за жал не е!), од најразлична возраст и со нескриени (политички) амбиции, пишува ѐЗлатко Теодосиевски за ПЛУСИНФО. Не знаеме со сигурност кој денес им дава задачи и како ги охрабрува нашиве современи душегрижници односно актуелниве „инженери на душата“ кои речиси секојдневно ни држат лекции што и како треба да правиме, каква е денешната реалност и што нѐ чека утре, што сме пропуштиле и како тоа да го надокнадиме… Не знаеме ни кој денес го глуми Сталин. И што, наместо дачи…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti