klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Кои се најскапите туристички дестинации и патувања за 2026 година?

Кои се најскапите туристички дестинации и патувања за 2026 година?
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·01. 07. 2026. 09:36:01

Патувањата, се вели, не се секогаш евтини, но честопати вредат за секој денар, бидејќи носат спомени и искуства што остануваат за цел живот. Сепак, некои патувања се значително поскапи од други, а според новите податоци од страницата за патнички осигурувања „Сквермаут“ (Squaremouth), луѓето денес се подготвени да издвојат повеќе пари за своите патувања од соништата за оваа година. Имено, од 6.000 анкетирани корисници, 45 отсто рекле дека го зголемуваат својот буџет за патување во 2026 година, додека повеќе од половина истовремено си ги намалуваат другите трошоци. Дополнително, 23 отсто од испитаниците рекле дека планираат да потрошат повеќе за одбрани патувања од својата листа желби. Платформата „Сквермаут“ издаде индекс на најскапите туристички дестинации за 2026 година за да утврди каде патниците трошат најмногу пари. Врз основа на просечните трошоци во пет категории - дневни патни трошоци, авионски билети, сместување, изнајмување автомобили и дневни трошоци за храна и пијалоци, издвоени се 10-те најскапи туристички дестинации во 2026 година. Тоа се: 1. Гренланд, 2. Британски Девствени Острови, 3. Француска Полинезија, 4. Антарктик, 5. Малдиви, 6. Швајцарија, 7. Зимбабве, 8. Острови Туркс и Кајкос, 9. Боцвана и 10. Ангвила. Порталот ги анализира сопствените податоци за продажба меѓу април 2025. и април 2026 година, цените…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti