klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Кога една империја пропаѓа не барајте морал и вредности

Кога една империја пропаѓа не барајте морал и вредности
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·26. 06. 2026. 08:39:17

Рибарам главно по нашиве загадени рекички. Рибарам со мушичарење, изум на Македонците од Александрово време. Ова би требало да биде македонски национален спорт, ама не е. Прашањето веднаш ми се наметнува – првин да го прогласиме за национално заштитено богатство или првин да ги исчистиме реките? Рибарам најчесто под мостот во Влае. Во средата приквечар млатнав еден клен, но сум фаќал и пастрмки. За чудо ги има?! Ловам по принципот фати-пушти. А Вардар смрди од тоа канализациите. Кутри риби. Кутар Вардар, света река. Си рибарам и си разговарам со себе, па во дијалогот ми дојде и Мевлана Руми. Не случајно, затоа што деновиве актуелен беше турскиот политичар, би рекол расен, Мевлут Чавушоглу. Мевлана е, а што не е – филозоф, мистик, поет… Пишувал на персиски, а поради монголските наезди од денешен Авганистан ќе се пресели во денешна Турција и таму ќе му биде вечниот дом. Го основал дервишкиот ред препознатлив по своето медитациско вртење спротивно на ротацијата на земјата. А зошто да биде сѐ по некој ред, кога може и спротивно. Што има лошо да веслаш спротивно од ветрот, барем понекогаш? Верувал дека љубовта е основната движечка сила на универзумот. Денес тоа е омразата, а омразата создава болести, патења, војни……

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti