klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Кога е најдобро време за пиење кафе? Само ова време од денот нема негативни ефекти

Кога е најдобро време за пиење кафе? Само ова време од денот нема негативни ефекти
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·13. 07. 2026. 07:42:30

Шолја кафе испиена наутро може дури и да го продолжи животот. Вакви изненадувачки заклучоци дошле американски научници од Универзитетот Тулан. Како што покажале, мало црно кафе нема такви својства кога се пие во други периоди од денот. Истражувачите сè уште не знаат зошто е тоа така, но имаат интересна хипотеза. Обемни истражувања покажаа дека луѓето кои имаат навика да го започнуваат денот со шолја кафе имаат помал ризик од смрт од кардиоваскуларни заболувања, како и помал ризик од предвремена смрт во споредба со оние кои пијат кафе во различно време од денот, вклучително и попладне и навечер. Тим научници предводен од д-р Лу Ќи, директор на Центарот за истражување на дебелината на Универзитетот Тулан, ја анализираше здравствената состојба и животниот век на 40.725 лица кои учествуваа во Националното истражување за здравје и исхрана во САД, спроведено од 1999 до 2018 година. Во тој период, испитаниците одговарале на прашања за нивната дневна исхрана и внес на пијалоци, како и дали пијат кафе, колку и кога. Одговорите покажале дека 36 проценти од нив пиеле кафе наутро, додека 16 проценти пиеле кафе во текот на целиот ден. Во текот на анализираниот период, 4.295 испитаници починале, вклучувајќи 1.268 од кардиоваскуларни заболувања. Истражувачите ги користеле…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti