Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи. -Пред седум месеци клучката беше во целосна стагнација, процесите беа блокирани и имаше само 10 отсто експропријација, а сега експропријацијата е 100 проценти решена. Сите граѓани се целосно исплатени од страна на Градот. Денес сме во фаза кога 75 проценти се реализирани од клучката и, како што ветив, до Нова година овој потег ќе биде целосно завршен. Станува збор за комлексен проект кој има два километра потпорни ѕидови, пешачки и велосипедки патеки. Се работи на пет мотови, последните се во финална фаза, информира Ѓорѓиевски. Тој напомена дека до Нова Година ќе бидат завршени уште два проекта: мостот на реката Серава кој се проширува и мостот на Љубљанска. Како што истакна градоначалникот, сериозно се работи и на булеварот „Борис Трајковски“, а во август ќе почнат работите и на мостот што ги поврзува Гази Баба и Аеродром. -Владата и премиерот се наша силна поддршка, не само за Скопје и…


