klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Клековски: За две години буџетот за позитивната листа го зголемивме за 10 милиони евра, се очекуваат и лекови за ХОББ, бубрежна болест, дијабетес и срцева слабост

Клековски: За две години буџетот за позитивната листа го зголемивме за 10 милиони евра, се очекуваат и лекови за ХОББ, бубрежна болест, дијабетес и срцева слабост
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·07. 07. 2026. 12:01:09

Очекувам до крајот на годината, заедно со новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, по 14 јули да се договориме за вклучување на уште еден лек од групата на Фостер, наменет за лекување на хронична опструктивна белодробна болест и астма на позитивната листа на лекови. Околу четири проценти од населението живее со астма. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, кој рече дека тоа што го прават во моментот заедно со новиот директор на Фондот, е да обезбедат дополнително намалување на цените за да создадат простор за воведување најнова генерација трикомпонентни лекови. Појасни дека во моментов се користат двокомпонентни терапии, а следниот чекор е воведување на трикомпонентни лекови, кои овозможуваат подобра контрола и покривање на поголем број случаи. - Следната група лекови за која очекувам да биде опфатена се лековите за хронична бубрежна инсуфициенција, дијабетес и срцева слабост. Тука има неколку лекови што се користат во различни дози. Матичните лекари реагираат дека по претходните проширувања на позитивната листа некои лекови веќе не можат да ги препишуваат за повеќе дијагнози, бидејќи системот ги прифаќа само за една дијагноза. Тоа е точно. Во моментов тие лекови се ограничени само на одредени состојби и можат да се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti