klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

Клековски: Вклучување на сите засегнати страни во дијалогот за управување со боледувањата – потребно е ревидирање на правилата

Клековски: Вклучување на сите засегнати страни во дијалогот за управување со боледувањата – потребно е ревидирање на правилата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·23. 07. 2026. 15:09:06

Во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од СЗО, денеска, во Владата се одржа работилница посветена на унапредување на управувањето со боледувањата во Македонија. Во рамки на работилницата беа презентирани податоци за состојбата во земјава, предизвиците со кои се соочува системот, европските политики и искуства за подобрување на управувањето со боледувањата. Целта на работилницата е вклучување на сите засегнати страни во дијалогот и пронаоѓање оптимален баланс меѓу потребата да се намали бирократијата и потребата да засилат контролите на местата каде има ризик од можни злоупотреби на боледувањата и примена на искуства од други земји. Потребно е да се воспостави баланс меѓу олеснет полесен пристап и помал административен товар, а од друга страна, зголемена контрола на местата каде има ризик. Ги презентиравме првпат податоците интегрирани од „Мој термин“ за кратките боледувања до 30 дена, како и за долгите боледувања над 30 дена. Податоците од „Мој термин“ покажуваат дека во 2025 година има 33 отсто зголемување на боледувањата до 30 дена споредено со 2021 година. Да потсетам дека 2021 беше година на Ковид, кога имавме значителен број боледувања. Денес бележиме дополнително зголемување од 33 отсто, односно повеќе од 300.000 боледувања во текот на 2025 година. Бројот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti