Клековски: Трендот на новопријавени случаи во Гостивар не опаѓа, дневно до 300 лица со стомачни тегоби

Трендот на новопријавени граѓани со стомачни тегоби во Гостивар не опаѓа и во последните 24 часа имаме нови пријавени. Бројката се движи околу 250 до 300 случаи дневно. Вчера имаше сто на детското одделение и 160 на Инфективниот оддел. Денеска имаме слична бројка на детското одделение и околу 200 на Инфективниот оддел, изјави министерот за здравство Сашко Клековски. Тој рече и дека анализите на водата ќе бидат готови утре, но и важни се епидемиолошките анкети што ги даваат граѓаните за да се утврди точниот причинител за епидемијата. -Денеска е прогласена епидемија и морам да кажам дека ние ги спроведовме мерките што се предвидени за епидемија пред да се прогласи епидемија. Во Македонија сме имале епидемии на морбили или за слични болести, меѓутоа не најдов за труење од вода или од храна. Клиничката слика во основа генерално е лесна. Стомачни проблеми со дијареја и повраќање, ретки со температура и со знаци на треска. Генерално сите се со дехидратација и во основа тоа што го добиваат како здравствен третман е рехидратација, инфузија и терапија според симптомите што ги имаат. После примена на инфузија се испуштаат дома, малкумина се задржуваат. Ми се чини вчера беа три деца што се задржани преку ноќ, а…


