Клековски: Стагнира бројот на пријавени со стомачни тегоби во Гостивар, нема нови хоспитализации, доследно да се почитуваат мерките

Општата состојба во однос на бројот на лица со стомачни тегови во Гостивар во моментов е стагнирачка и нема нови хоспитализации. Сите резултатите и анализи за водата ќе бидат објавени. Да не дојде до опуштање во спроведувањето на мерките, бидејќи секогаш кога поминува главниот ризик има опуштање. За мене, надвор од инкубацискиот период, бидејќи знаеме кои вируси и бактерии се присутни, многу поважно е дали граѓаните ќе ја задржат дисциплината, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Тој ги повика граѓаните на Гостивар да не се опуштаат сè додека не завршат интервенциите на водоводниот систем, бидејќи, вели, од понеделникот резултатите се четири чисти места, пет загадени места, така што мерките на претпазливост мора да останат, иако бројките се намалуваат. Тој рече дека најчесто детектирани се астровирусот и шигелата, како бактерии, но не се идентични резултатите, и поради тоа не можат да се донесе еден генерален заклучок. - Моето обраќање да се користат службени канали за комуникација беше за да не се создава забуна околу тоа кои се официјалните мерки. Таа не се однесуваше на никој конкретно. Не споменав имиња. Ние имаме Комисија за заразни болести и јас ги следам препораките што ги дава таа комисија. Комисијата е составена од епидемиолози, инфектолози…


