Svijet Sjeverna Makedonija
Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт

Kurir.mk·Ивона Петрова·07. 07. 2026. 12:29:24
Секоја аптека мора да ги има лековите што се на позитивната листа и што се издаваат на рецепт, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој ги повика граѓаните да пријават во Фондот, преку инфо-мејлот или формуларот за информации, доколку некоја аптека одбие да издаде лек на рецепт. - Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт, додаде Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата на која го презентираше новото проширување на позитивната листа со три нови антикоагулантни лекови - еноксапарин, надропарин и ривароксабан.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


