klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Клековски: Се забележува намалување на бројот на лица од Гостивар што се јавуваат за лекарска помош, водата во Лешок е со таков кавалитет веќе една деценија

Клековски: Се забележува намалување на бројот на лица од Гостивар што се јавуваат за лекарска помош, водата во Лешок е со таков кавалитет веќе една деценија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·25. 07. 2026. 14:39:36

Министерот за здравство Сашо Клековски ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок по најавите во медиумите дека водата за пиење во болницата не е во исправна состојба. Зборувајќи за моменталната здравствена состојба на граѓаните од Гостивар тој истакна дека се забележува намалување на бројот на лица што се јавуваат за лекарска помош. -Денеска имаме состојба од 80 новопријавени пациенти што е двојно намалување од претходните бројки и дефинитивно сме во надолен тренд. Вкупната бројка на заболени е околу 4.000. Досега сима 750 пријави за заразни болести, а анкетирани се 490, така што можам да кажам дека епидемијата влегува во смирувачка фаза и започнува фазата на целосна епидемиолошка анализа за утврдување на хонологијата на настаните. Во моментот треба да почне да се прави раздвојување на тоа што е заболуваење од епидемија и тоа што е заболени од редовни гастроентерити - изјави Клековски. Но и покрај намалувањето на бројот за заразени, додаде, според последните анализи водата од градскиот водовод се уште не може да се користи за техничка употреба. -Управувачкиот комитет работи на прашањето, а вчерашните резултати сè уште беа недоволни на резидуален хлор. За водата да биде безбедна до одреден степен се гледа колку хлор има во водата, а…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti