Клековски: Се планира таблетарната терапија за онколошките пациенти да не се дава исклучиво во болницата во Скопје, туку да се префрли во аптеките

Има план во врска со онкологијата и дел од него е сè што е во таблетарна форма да не се дава исклучиво во болницата во Скопје, туку да се префрли во аптеките. Минатата година беа префрлени два лека за рак на дојката од болницата во аптеките и неколку илјади пациентки веќе немаат потреба да одат на Клиниката за онкологија. Сега се анализира и за терапиите за простатата да може да се направи префрлање од болница во аптека, рече денеска министерот за здравство, Сашо Клековски. Тој посочи дека анализирани се капацитетите на активните онколошки центри - тоа се Клиничката болница во Тетово, ГОБ „8 Септември“ и Клиничката болница во Битола. -Најмал капацитет во моментот има Клиничката болница во Штип, каде што има само еден онколог. Во Тетово е во постапка набавка на машина за дисперзија на лекови по што треба да почне зголемен третман. Таму во моментот постои основен третман, а околу 150 пациенти се третираат во Клиничката болница во Тетово. Во ГОБ „8 Септември“ се исто така завршени подготовките еден од катовите да биде дневна болница за терапија со онколошки лекови. Меѓутоа, целата онкологија бара едно повторно осмислување бидејќи претходните активности, зборувам за историските активности во делот на радиотерапијата, не…


