Клековски: При патувања во Африка и Индискиот Океан да се следат препораките од СЗО за потребата за вакцинација и профилакса

Во државава годинава регистрирани се четири случаи на маларија, три на денга и еден зика, информира денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој повторно упати повик при патување да се следат препораките за вакцинирање и профилакси од Светската здравствена организација. Од осумте случаи на западнонилска треска, за кои Министерството за здравство информираше вчера, шест лица се на Клиниката за инфективни болести, а другите два случаи биле регистрирани во јуни и пациентите се веќе дома. Состојбата со вектор преносливи болести е разгледувана на седница на Комисијата за заразни болести. - Во моментот во опсервација се четири вектор преносливи болести, за маларија, денга, зика и западнонилска треска. Сите се пренесуваат со комарци, меѓутоа сите имаат различно потекло или епидемиолошки се различни патеките. Бидејќи влегуваме во висока сезона на одмори и во период на поголеми температури сакав да споделам дека после две години немање случаи на маларија, оваа година имаме четири случаи и сите се поврзани со Африка и Индискиот Океан, поточно со Малдиви и Занзибар. Имаме три случаи на денга поврзани со Малдиви и зика кој исто така е поврзан со Малдиви - рече Клековски на прес-конференција. Како што укажа, зиката има негативни влијанија кај бремени жени, денгата е хеморагична грозница и…
Povezane vijesti

Видео: Силен земјотрес во Јапонија: Има повредени; железничкиот сообраќај е во прекин

НИКОЛОСКИ: МАКЕДОНИЈА ПОЛЕТА - Светска банка го потврди најголемиот раст на авио летови и туризам
