Клековски: Онкологија најголем должник меѓу клиниките, Извештајот за непотребните операции на срце помина на затворена владина седница

Директорот на Фондот за здравствено осигирување (ФЗО) и кандидат за министер за здравство, Сашо Клековски вечерва информира дека заедничките служби на Клинички должат 35 милиони евра, а Клиниката за онкологија, како што рече, е најголем должник меѓу клиниките. - Реалноста е дека долгови има. Најголем должник е Клиниката за онкологија и тоа е наследен долг – мислам дека е околу една милијарда денари. Меѓутоа, кога ќе земете дека буџетот на Онкологија сега е пет милијарди, не зборувам за нешто со што не може да се управува. Значи, една милијарда долг звучи многу, меѓутоа севкупниот буџет на клиниката е пет милијарди и како таков тој е 20 отсто од буџетот на клиниката, изјави Клековски. Според Клековски, кој во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 зборуваше на повеќе теми, Извештајот за непотребните операции на срце поминал на затворена владина седница. Тој е дециден дека врз него немало притисок овој случај да се забошоти. -Да почекаме да се објави или јас да го видам извештајот. Најголем дел од мерките во кардиохирургија не се наменети за таа цел. Тоа што зборував со колегите од Австрија и од Србија, најголемиот фокус е правење операции таму каде што нема потреба да се прави операција, ама…
Povezane vijesti

Заедничките служби на Клинички должат 35 милиони евра, Онкологија е најголем должник меѓу клиниките – вели Клековски

ОНКОЛОГИЈА Е НАЈГОЛЕМ ДОЛЖНИК МЕЃУ КЛИНИКИТЕ, заедничките служби на Клинички должат 35 милиони евра
