klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Клековски: Нови 109 случаи во Гостивар, одреден засилен надзор за постакутната фаза од епидемијата

Клековски: Нови 109 случаи во Гостивар, одреден засилен надзор за постакутната фаза од епидемијата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·28. 07. 2026. 09:58:51

Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека бројката на новопријавени случаи од епидемијата во Гостивар изнесува 109, како и дека е одреден засилен надзор за постакутната фаза од епидемијата со која ќе се следат заразните болести што може да се јават. -Со денешниот ден во Гостивар има 109 нови први контакти, бројката се движи од 80 до 125 во последните четири дена, со тоа што во овој момент не можеме да кажеме колку е тоа редовна состојба, колку е поврзана со епидемијата. За да го направиме тоа мора да имаме епидемиолошки анкети - рече Клековски денеска на прес-конференција. Просечно во изминатите 10 години во Гостивар во јули имало по 25 извештаи за заразни болести и како што укажа, во еден момент ќе мора да почнеме да раздвојуваме што е редовна состојба, а што е поврзано со епидемијата. Бројот на формални пријави, дополни тој, во моментот е 869 од кои анкетирани се 602 лица. Апелира да продолжи соработката со здравствените власти за да може да се следат состојбите. - Како што акутната фаза на епидемијата во Гостивар е во смирување, во консултација со Комисијата за заразни болести решивме да одредиме засилен надзор за постакутната фаза, рече Клековски. Тој упати повик до…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti