klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Клековски: Констатирани прекршоци на Клиниката за неврологија во лекувањето на Михаилова

Клековски: Констатирани прекршоци на Клиниката за неврологија во лекувањето на Михаилова
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·20. 10. 2026. 12:15:52

Министерството за здравстов побара проширување на надзорот на Државниот санитарен и здравствен испекторат за случајот со Ива Михаилова со вклучување на здравствени установи каде што во 2025 и 2026 година биле вршени одредени здравствени услуги. Дополнтелно ќе се формира комисија за стручен надзор за медицинскиот аспект во однос на лекувањето на пациентката, истакна денеска министерот за здравство, Сашо Клековски. Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила, тој истакна дека иако вчера во Софија имал средба со неговата бугарска колешка на која разговарале за повредените во Кочани, постигнале премолчена согласност дека прашањето за Михаилова е од доменот на правдата. - Во основа постигнавме премолчена согласност дека прашањето на Ива не е здравствено прашање, туку е прашање од доменот на правдата, бидејќи особата е бегалец од правдата барана со меѓународна потрница. Како што е тоа прашање на правдата, а не здравствено прашање, не го разговаравме, рече Клековски. За извештајот на ДСЗИ поврзан со професорот Иван Барбов во однос на лекувањето на Михаилова, министерот посочи дека има констатирани прекршоци и оти е побаран стручен надзор за медицинскиот дел од извештајот. - Во основа барав дополнување на извештајот на ДСЗИ, кој беше по иницијатива на Клиниката…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti