Svijet Sjeverna Makedonija
Клековски ќе информира за состојбата со западнонилска треска во државата

Kurir.mk·Ивона Петрова·21. 08. 2026. 06:22:58
Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска на прес-конференција ќе информира за епидемиолошката состојба со западнонилска треска во земјава. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, заклучно со 18 август, кај нас се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска - 36 потврдени и два веројатни. Евидентирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до 83 години, кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Кај три починати лица биле регистрирани коморбидитети. Според место на живеење на заболените, 37 случаи се од главниот град на државата, а еден е од Велес.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


