Клековски ги демантира лагите на СДСМ: Во ниту еден момент немало криење на информации од Министерството за здравство за случувањата во Гостивар

Во ниту еден момент немало криење на информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар, изјави денеска миинистерот за здравство Сашо Клековски. - Јас бев првиот што во саботата информирав дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспаретно да ги соопштуваме податоците бидјеќи немаме што да криеме, рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата. Првата службена информација за случувањата во Гостивар до Министерството за здравство е пристигната во петокот во 13 часот. Досега, како што соопшти, имало околу 3.100 здравствени контакти од Здравстветниот дом, Општата болница, телефонски јавувања и интервенции на Брзата помош. Првиот преглед е направен на 14 јули, а на 19 јули за првпат е забележано намалување на бројот на приеми. Клековски соопшти дека денеска ќе заседава и Комисијата за заразни болести која ќе излезе со соодветни препораки.
Povezane vijesti

Потрага по тројца странци во Хрватска: Вчера влегле во Сава и исчезнале

Субрата Рој е минато, не може еден лош пример да ја оцрни цела деловна заедница – вели индискиот амбасадор
