Клековски: Две години реформи што донесоа мерливи резултати за пациентите

Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија денес презентираше отчет за сработеното во изминатите две години – период во кој беа реализирани значајни реформи, обезбедени рекордни вложувања во здравството и воведени политики што директно го подобруваат пристапот на граѓаните до здравствените услуги. Во споредба со крајот на 2023 година, Фондот обезбеди 8,6 милијарди денари повеќе за здравствениот систем, при што вкупните средства пораснаа од 42,9 на 51,5 милијарди денари, односно за 20 проценти. Истовремено, учеството на здравствениот буџет во БДП се зголеми од 4,80% на 4,95%. Најголемо вложување во примарната здравствена заштита досега Во април 2025 година беше реализирано најголемото зголемување на капитацискиот бод во поновата историја на Фондот. - капитацијата за општа медицина и гинекологија се зголеми од 75 на 100 денари (+33%); - за стоматологија од 61 на 75 денари (+23%). Оваа мерка е вредна околу 1,1 милијарда денари годишно, а вкупната капитација е зголемена за повеќе од 900 милиони денари, односно 21 процент. Паралелно со тоа, беа воведени нови превентивни цели за матичните лекари – рано откривање на рак на простата и дебело црево, скрининг на менталното здравје и проширени превентивни прегледи кај децата. Повисоки плати за здравствените работници Во изминатиот период платите во јавното здравство…
Povezane vijesti

Тест на личноста — кои се вашите скриени способности? Она што прво ќе го видите ќе ви го даде одговорот!

Međugorje ima novo čudo, stigao i Đoković
