klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

Клековски: Дневно над 200 граѓани бараат медицинска помош во Гостивар со слични симптоми

Клековски: Дневно над 200 граѓани бараат медицинска помош во Гостивар со слични симптоми
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·18. 07. 2026. 11:31:54

Прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди причината за големиот заболени и стомачни тегоби. Потребни се повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот, рече министерот Сашо Клековски по посетата на гостиварската Општа болница. Тој информираше дека бројот на пациенти кои се јавуваат со слични симптоми и ист како и изминатите денови. - Првите пациенти се јавиле на ноќта на 13-ти јули и оттогаш таа бројка е прилично константна. Над 200 граѓани се јавуваат дневно во болницата за интервенција. Во последните 24 часа има 100 побарани интервенции на педијатрија и 160 побарани интервенции на инфективното одделение рече Клековски. Според него, клиничката слика кај сите пациенти е слична, од благи стомачни проблеми со дијареја и повраќање, до некои пациенти имаат и температура. Најголем дел од пациентите се третираат за дехидратација со инфузија, витамини и друга симптоматска терапија, по што се пуштаат на домашно лекување. Министерот Клековски по разговорите со раководните структури на општата болница констатира дека медицински кадар се справува со состојбата и дека ги имаат сите лекови неопходни за третман. Тој упати апел до гостиварци и сите пациенти да соработуваат со епидемиолошката служба при правењето на анкети и дополнителни анализи за да се утврди…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti