Кисела Вода објави јавен повик за пријавување штети од силното невреме

Општина Кисела Вода започнува процедура за обесштетување на граѓаните кои претрпеа материјални штети од силното невреме што го погоди подрачјето на Град Скопје на 21 јули годинава. Како што информираат оттаму, по одржаниот координативен состанок со Градот Скопје, во Општината итно се формирала Комисија за утврдување на фактичката состојба на терен, со што започнува процесот за прием на барања, што е предуслов за обесштетување на граѓаните, а ќе се реализира во соработка со Владата и со Град Скопје. -Образецот за пријавување штета е достапен во Архивата на Општина Кисела Вода, а истиот може да се преземе и електронски од нашата официјална веб-страница, на следниот линк: https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/07/20260723154706635-1.pdf. Пополнетиот образец, заедно со комплетната документација, се доставува во Архивата на Општина Кисела Вода, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, најдоцна во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата, соопштуваат од Општината. Кон барањето е задолжително да ги приложите и следниве документи: -Важечка лична карта или патна исправа (фотокопија); -Доказ за сопственост (фотокопија од имотен лист); -Фотографии од локацијата по претрпената штета; -Записник од МВР за настанатата штета. -Општина Кисела Вода апелира до граѓаните навремено да ги поднесат своите барања. На овој начин, постапката за проценка на штетите ќе…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Манасиевски: Филипче е директен виновник за системот во здравството и поддржувач на локалната власт во Гостивар
