Кисела Вода домаќин на одбележувањето на 20 Јули – Меѓународниот ден на шахот и 102 години постоење на ФИДЕ

Предизвикот да се матираат докажаните шаховски мајстори денеска ги привлече љубителите на оваа игра во Паркот на шахот во Кисела Вода. Со шаховска симултанка на отворено, во организација на Шаховската Академија „Данчевски“, граѓаните го одбележаа 20 Јули - Меѓународниот ден на шахот. Присутните имаа уникатна можност да ги одмерат силите со врвните млади шахисти од Академијата: Олег Русевски, Кристијан Јордановски, Даниел Стефаноски и Дамјан Николовски, како и со Интернационалниот мајстор и ФИДЕ тренер, Орце Данчевски. Настанот беше организиран и во чест на 102-годишнината од основањето на Светската шаховска федерација (ФИДЕ). На симултанката присуствуваше и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, која ја истакна важноста од вложувањето во правилниот развој на новите генерации. -Шахот не е само спорт. Тој е училиште за животот. Учи на трпение, на стратегија, на почит кон противникот и на тоа како да размислуваме неколку чекори однапред. Токму затоа, како Општина, ние цврсто веруваме во вложувањето во овие вредности. Преку нашата континуирана соработка со Академијата „Данчевски“, веќе цела година овозможуваме бесплатни часови по шах за нашите најмлади жители, со цел секое дете да има можност да го развива својот интелект. Денеска, пред нас ги имаме вистинските плодови на тој труд- нашите млади мајстори и идни…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu
