klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

КИНСИВ: NTSB го презема комплетното делегирање на истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“

КИНСИВ: NTSB го презема комплетното делегирање на истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·11. 07. 2026. 20:44:39

Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД (NTSB) го презема комплетното делегирање на истрагата на настанот што се случи вчера над Македонија со авионот Boing 737-800, кој оперирал како лет FR1879 за „Рајанер“ (Малта Ер), информираа вечерва за МИА од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ).Согласно со Анекс 13 на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), КИНСИВ претходно достави барање истрагата да биде делегирана на NTSB. - Во истрагата предводена од NTSB ќе учествуваат и претставници на КИНСИВ - изјави за МИА претседателот на КИНСИВ Марјан Прпоски. Како што информира, вчера по добиената информација во 13:20 часот дека се случил сериозен инцидент во воздушниот простор на Република Северна Македонија КИНСИВ согласно со прописите од областа на воздухопловството, ги известиле Француското биро за истраги и анализи на безбедноста на цивилното воздухопловство (BEA), Грчката агенција за истрага на несреќи и сериозни инциденти, Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД (NTSB) и Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO). - Авион на „Рајанер“ од Солун кон Меминген вчера се врати во Солун кратко по полетувањето откако за време на летот се откачи прозорец до патник - соопштија од авиокомпанијата „Рајанер“ за инцидентот, во кој полесно бил повреден еден…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti