klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Кинеската трговска размена достигна 3,75 трилиони долари во првите шест месеци од 2026 година

Кинеската трговска размена достигна 3,75 трилиони долари во првите шест месеци од 2026 година
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·15. 07. 2026. 07:50:02

Кинеската надворешна трговија во првата половина од 2026 година пораснала за 16,9 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 25,47 трилиони јуани (околу 3,75 трилиони американски долари), покажуваат податоците на кинеската Царинска управа. Со тоа Кина ја задржа позицијата на најголема светска трговска сила во размената на стоки, се наведува во податоците на Генералната царинска управа. Извозот во првите шест месеци пораснал за 13,4 отсто, достигнувајќи 14,73 трилиони јуани, продолжувајќи го речиси тригодишниот тренд на раст. Увозот, пак, се зголемил за 22,1 отсто, на 10,74 трилиони јуани, што е за 8,7 процентни поени повисока стапка од растот на извозот и придонесува за порамнотежен развој на трговијата. Во вториот квартал на тековната година вкупната вредност на увозот и извозот достигнала 13,61 трилиони јуани, што претставува раст од 18,4 отсто во споредба со истиот период минатата година и највисока квартална стапка на раст од третиот квартал на 2021 година. Само во јуни, трговската размена пораснала за 24,2 отсто на годишно ниво, продолжувајќи го трендот на раст 17 месеци последователно. Трговската размена на Кина со земјите опфатени со иницијативата „Појас и пат“ пораснала за 14,8 отсто, достигнувајќи 12,97 трилиони јуани, што претставува 50,9 отсто од вкупната надворешна трговија на земјата. Размената со соседните земји се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti